Monday, August 4, 2008

Ready to go in Top4

Иако уште траат популарно наречените „трансфер саги“ сепак ние ќе си продолжиме со привјуата, затоа што еден куп трансфери ќе се случат и на 31.08, а до тогаш 2-3 кола веќе ќе поминат.

Следен на листата е повторно лондонски клуб. Тотенхем хотспар. Тим кој секоја сезона ја започнува со големи очекувања и со надеж да даде поголем отпор на големата 4-ка, но се чини дека сепак годинава се најблиску до тоа „звање“. Тимот лани започна своевиден ремонт, откако не/среќно почна да се кара со Мартин Јол, за конечно да се разидат двете страни и да го доведат трофејниот Хуанде Рамос.

Човекот уште во првите неколку месеци донесе трофеј на Вајт Харт Лејн (прв по 9 години), макар тоа било и во Лига купот, но ако се земе во предвид дека во финалето не играа со Мајнсфил, Шефилд, Мидлзбро или Фулам, ами со Челзи кој по водство на Грант исто така не сакаше да го занемари Лига купот. Башка што во полуфиналето Арсенал го срамнија со земја, со целосно неочекувани 5-1.

Уште во зимскиот трансфер период Хуанде почна да се подготвува за новата сезона. Се ослободи од еден куп играчи (Дефо, Ратлиџ, Гарднер и Сталтери), а ги донесе Вудгејт, Хатон и Џилберто. Додека летово само го продолжи ремонтот. Дојдоа: Модрич, Џовани, Бентли, Гомез и Босток, а заминаа: Малбранк, Кин, Робинсон, Чимбонда и Таинио. Цел состав.

Според она како ја заврши сезоната лани, Рамос милува класична 4-4-2 формација, а и според ростеров за сезонава се чини дека токму така и ќе продолжи.

Голман - Гомез. Хмм. Која добра работа би можело да испадне овој голман за Тотенхем и воопшто за Премиер лигата. Настапите кои ги имам гледано ми даваат за право да кажам дека се работи за одличен голман, со одличен тајминг и клуб за вклучување во голема лига. Има 27 години, има загарантирано Но.1 во постава на „потентен“ клуб и добра можност за докажување.

Централни дефанзивци. Голема е склоноста кон повреди на главните дефанзивци, па затоа никогаш Рамос не може да биде сигурен, но теоретски на хартија има одлични играчи во Кинг, Вудгејт и Досон, а има и одлични резерви во Кабул, Сталтери и Роча. Доколку ги одминат повредите (или барем ферски се распоредат), појачани со добра форма на голманот, Тотенхем ќе бидат тврд орев.

Бекови. Првиот избор би требало да падне на Хатон и на Бејл. Во пролетниот дел од минатата сезона покажаа дека се работи за добар пар. Освен дефанзивата многу се корисни и во фазата на нападот, знаат добро да нафрлат, брзи се и доста спретни (ова особено важи за Бејл). Е сега, клупата не знам колку може да ги покрие овие две позиции во случај на повреди. Ли, Асу-Екото и слични играчи не знам колку може да одговорат стабилно. Веројатно во криза ќе помогаат играчите од средината, како, Зокора, Гали и Хаделстон.

Креативци. Зокора минатата сезона беше добар како разбивач на противничките напади, а Џенас се труди да стане играч што од него се очекува веќе 5-6 години, ама тешко тоа некогаш да се случи. Модрич сепак би требало да има предност во стартот на сезоната - колку да се опроба со противничките деструктивци во Англија (кои буквално се деструктивци). Тимот има добри резерви во Гали и Хаделстон. Адел Тарабт не знам стварно што точно игра, ама и во него навивачите на Тотенхем полагаат надежи. Голема опасност тимот поседува на крилните позиции. Тука е новиот Бентли, решен за прогрес во кариерата, тука е Арон Ленон - кој иако минатата сезона стагнираше, мислам дека може оваа година да продолжи со својот развој. Џејми Охара игра одлично во подготовките, дава голови и асистира. Се на се, мошне солиден среден ред, со солидна клупа.

Напад. По распоред Рамос има само тројца напаѓачи, Бербатов, Бент и Џовани. Бент во подготовките на пет меча постигна десет голови. Реков и во некој предходен пост, дека можеби конечно сезонава ќе оправда дел од гранде парите кои ги лупна Јол по него. Бербатов, кој по се изгледа ќе си остане во Куп на Уефа (откако се полакомија малку во клубот - дали со право или не, немам намера да коментирам!), тешко може да се оцени каков развој би имал во оваа сезона. Веќе не е партнер со Кин (а од поодамна ни со Дефо), со кој одлично соработуваа. Факт е дека Бугаринот е добар асистент (еден од најдобрите минатата сезона) и доколку пронајде ново партнерство Тотенхем ќе се доближи до муабетот од почетокот на текстот - Влез во Г4.

Резиме. Составот Гомез, Вудгејт, Кинг, Бејл, Хатон, Зокора, Модрич, Бентли, Ленон, Бербатов, Џовани (Бент) е одличен. Има и солидна клупа за доста позиции, но како проблем кој се надзира е неуиграноста. Сепак има 4-5 играчи кои ќе треба да се вкомпонираат во тимот, и тоа токму оние играчи на кои ќе се базира играта. Тоа може негативно да влијае на самодовербата во првите неколку кола, особено ако Тотенхем забележи 2-3 слаби резулатати. Но перспективно со уште еден солиден напаѓач и добра резерва во одбраната тимот има шанси на макар еден трофеј. По логичен редослед тоа би биле: Лига куп, ФаКуп, Уефа куп. Сепак за освојување на Премиер лигата мислам дека не станува збор!

No comments: