Thursday, July 31, 2008

Вести

Пред да почнеме со преглед на тимовите (кој, како, што, купил, состави, очекувања и сл.) да шрабнам 2-3 реда за последниве неколку дена.
Се случија интересни трансфери, а во најава се уште неколку. Роби Кин и Дејвид Бентли се нај звучните меѓу нив. Хуанде Рамос ја продолжува лани почнатата револуција на Вајт Харт Лејн. Троши доста. Ама и резултатите од подготовките покажуваат нагорен тренд во играта на оваа екипа. Дарен Бент е ланскиот супер скап шпиц кој дава доста голови во припремите. Иако не ми се верува, но доколку заигра добро и плус се поверојатното останување на Бербатов, тогаш ќе имаат доста солидна навална линија. Плус и Аршавин е „он-д-уеј“. Џовани, Модрич, плус голманот Гомез... И староседелците Бејл, Вудгејт, Хатон, Џенас, Ленон..
Ливерпул не успеа да го земе Герет Бери. Конечно. Не ми е јасно зошто толку запнаа по него. Требаше Бентли по со време да го збркаат. Вака ги изгубија и двајцата, а Бентли мислам дека ќе им вршеше повеќе работа. Откако Бенајун, Пенант и други такви слични утки на Рафа лани беа скоро очајни.
Луд на трансфер пазарот е и Рој Кин. Како во супермаркет. По 2-3 играчи од тим купува. Ај за него повеќе во „привјуата“.

Wednesday, July 30, 2008

Интро

Име: Англиска Премиер Лига
Дејност: Фудбал, Спорт
Јазик: Македонски
Урл: http://fapremier.blogspot.com
Основачи: dasaf и Crnorizec
Датум: 30.07.2008
Фокус: Случувања, натпревари, трансфери, оценки, предвидувања, голови
Цел: Забава

Наместо да се губат муабетите на празно по разни месинџери и скајпови го правиме овој блог. Овде барем има шанси да сретнеме и некој друг кого ова го интересира. А тоа е секогаш добродојдено.
Целта не е „мерење“ на вкусовите и страстите, туку фактот што Премиер лигата е една од попопуларните кај нас, а реално нема доволно места каде што може истата да се дискутира.
Епа, нека ни е со среќа.

Англиска премиер лига

Feat: dasaf & crnorizec