Tuesday, August 12, 2008

Кип ин тач...

Додека да се консолидираме од отворањето на олимписките игри и љубопитното ѕиркање на првите денови од истите (за мене лично битните УСА-ДримТим, плескањето на Аргентинците со студената тројка на Клеиза, одбојка на плажа и на паркет - жени се разбира и сл...) на Островот не смалуваат настаните од секаков тип.

Бај д веј, неофицијално и стартуваше новото првенство со Комјунити Риспект Шилд мечот. Не го гледав, а од Јутјуб, Дејлимоушн и А1 и не може кој знае колку да заклучам. Сите знаеме, на пенали Манчестер победиле, откако Помпеите се изнапромашиле (и тоа како...).

Мене искрено „длабок утисак“ ми остави Астон вила. Откако во привјуто пишав дека и те како им се потребни реформи назад, уште истиот ден Мартинчо збесна. Во пакет ги донесе Лук Јанг и Ники Шори, од Мидлзбро и Ридинг. И тоа за не многу пари (ако се имаат предвид цените со кои се тргуваат домашните фубалери, на пример Керик, Бент, Хервуд, ЕјЏеј и сл.). Си направи типот Англија во мало. Своевидна Б-репрезентација. Имајќи во предвид дека понапред ги има Бери, Агбонлахор, Ешли Јанг, Хервуд, Сидвел, РеоКокер, Куртис Дејвис, Зет Најт. Некој од нив веќе и имаат настапи за А-репрезентацијата. Сега гледам дека Мартинчо се договорил и со Шпанецот Куелар од Ренџерс. Но сепак веста на денот е можноста за испраќање понуда до Челзи за Џо Кол (веројатно ако челзи ги земат или робињо или кака - откако викендов пак им пуштија вода во ушите...). Зборот ми е дека со Џо Кол, овој тим на Вила може да биде шампион во првенства како Француското, Холандското па до некаде и Германското. А богами и во Англија ќе прави бељи.

Ливерпул пак се весели низ пазарот со пуштање летки.

Тотенхем ги здрвија Рома. Ги размафтале по керамиди.

Арсенал го гледав малку на Амстердам турнирот (турнир со најфенси бодување). Иако беа добри, сепак пак форсираат на картата која не секогаш успева - тројца играчи да останат сами пред гол линијата и со „газот“ да ја бутнат в гол. Понекогаш треба да пробаат да шутнат и од 8, 12 па дури и 15 метри - не за друго, можда ќе влезе.

Манчестер, дури после пеналите го победи Портсмут поради 2 причини. Дејвид Џејмс и „нема кој да даде гол“. Откако Руни остана на трибините, Тевез, Гигз и подоцна Кемпел не успејаа да го погодат голот. Затоа С.А.Фергусон очајно шета од пазарче до пазарче. Толку корпи како годинава не знам дали има доживеано. Додуша не секогаш се корпи, туку алчност кај извесни екипи. Ама сепак стариот не е толку дртав да даде 35мил. за Бербатов. Не успеа ни со Хунтелар, ни со Бензема, ни со Виља. Ќе видиме, неделава најави дека напаѓач сигурно ќе донесе.

Хул го сакаат Пизаро. Колку се срцки.

Реднап го зема Кабул. Ќе следува привју за Портсмут деновиве, таму ќе разглабаме.

1 comment:

dasaf said...

сите постови ми се во партизнаски манир.
затоа и нема слики.
а ќе има. веќе од следниот. ваљда!