Friday, August 8, 2008

Привју: Болтон

Еден од најдосадните клубови во Англија последниве 3-4 сезони. Го применуваа методот „тотал дистракшан“. Сите беа некако уфилмани. Од Сем Алардајс (со тоа кабелот) па преку Анелка, Диуф и некој други такви „криминогени структури“.

Ретко имаше било каков солиден натпревар во кој беше вклучена оваа екипа. Чудно беше што до почетокот на ланската сезона тоа некако им функционираше, па се изборија и за место во Уефа пред 2 сезони (кога играа со Работнички), ама затоа лани се си дојде на свое место. Регуларна борба за опстанок. Па смена на тренерот, па уште една смена, па продажба на Анелка, па маки тргање...

Коло пред крајот на сезоната обезбедија опстанок и почнаа со активности на пазарот како би склопиле нешто од својот тим.

Дојдоа: Рекордно скапото засилување Јохан Елмандер (напаѓач, дојде од Тулуз), Франсис Муамба (деструктивец од Бирмингем), Мустафа Рига (крилен напаѓач од Леванте) и најпресното Дани Шиту (централен дефанзивец од Ватфорд).

Заминаа: ЕлХаџи Диуф (во Сандерленд), Даниел Братен (во Тулуз), Андианик Тејмуриан (Фулам) и прекинати беа соработките со Иван Кампо и Стелио Јанакопулос.

Голманската позиција останува истата, Јуси Јаскелаинен и Али Ал Хабси. За просечен премиер лигаш мислам дека имаат солиден избор на голмани. Ќе „бркаат работа“.

Одбраната им е значително појачана со Дани Шиту. Класичен премиерлигашки ЦД. Многу крупен, силен, и корисен во напад при прекини („главуч“). Мегсон и од постоечкиот ростер има поштени дефанзивци во Енди Обраен, Рикардо Гарднер (кој може да се употреби и како деструктивец), Стеинсон, Меите и Гери Кејхил. Има и уште по некоја резерва. Генерално солидно му е покриена одбраната. (ова солидно сватете го како за ниво на клуб од втората половина на ЕПЛ)

Средниот ред е помалку крзав. А со оглед на тоа што во Англија бодовите се губат/добиваат на база на средниот ред, се чини ќе треба Мегсон малку повеќе да поработи. Минатата сезона, особено откако си отиде Анелка, сите беа и средни играчи и напаѓачи и тимот личеше на „калакурница“. Диуф си замина, а се чини неговото место ќе го превземе Мустафа Рига. Тој треба да биде едно од освежувањата на Болтон. Дојде од Леванте каде во околу 100 меча постигнал околу 30 гола. Роден е во Гана, има 26 години и настапувал за У21 на Холандија. Во дебито за Болтон постигнал и гол. Фабрис Муамба, кој дојде од Бирмингем, би требало да игра поназад. Не се сеќавам на неговите настапи во Бирмингем, ама мислам дека може да ја зацврсти играта - колку толку. Од староседелците, тука се и Капитенот Кевин Нолан, Метју Тејлор, Гавин Мекен. После подолг период на проблеми со повреди, се враќа во тимот и Џој Обраен. Има 22 години, а веќе има педесетина настапи за Болтон. И тој може да заврши некаква работа, ако добие солидна шанса. Иако има солидна база на играчи, сепак Мегсон нема рилајабл лидер. Нолан као нешто се труди, ама дали слабите резултати си го направија своето, па и тој се губи помалку.

Е, ако одбраната е крзава, нападот па е ептен крш. Елмандер би требало да им заврши доста работа ако се снајде уште на почетокот. Помош би требало да бара во Ваз Те и во Хелгусон, како и страничните играчи од средината (Рига во прв ред).

Ништо посебно од тим, со ништо посебно очекувања во оваа сезона. Со една-две повреди би можело повторно да се борат за опстанкот, а и со врвна форма може да добуткаат до кај 12-13 место. Сепак има клубови кои малку повеќе работат од нив. А доколку Болтон се реши во преостанативе 15 дена нешто да менува, тоа би требало да биде по еден играч во нападот и во средината (добро крило по можност).

No comments: