Wednesday, August 13, 2008

Привју: Портсмут

Хари Реднап е добар тренер. Стара школа. На прв поглед не му се баш асолни одлуките кои ги носи, ама на долг рок си го комплетира филмот.

Во Портсмут дојде 2005. За сезона-две направи целосен ремонт, па така лани долго време се плеткаше високо на табелата. А најголемиот успех беше ФА Куп титулата. Сигурно веќе 80% од гледачите не се сеќаваат како Портсмут го помина Манчестер и со кој играше во финалето, но тоа и не е битно. Титулата се брои. А таа им овозможи дуел на минатонеделниот Комјунити Шилд, кој „покрај патот“ го изгубија на пенали.

Портсмут игра тврдо. Нема којзнае колку убавина во нивната игра, но затоа има дисциплина и ред и следење на филмот на Хари. Ретко се забележува незадоволство кај играчите на Портсмут, во смисла на „бегање од клубот“, а ми се чини дека и владее добар тимски дух.

Генерално весел клуб со поштени резултати.

Летово се случија малку но слатки трансфери.

Дојдоа: Питер Крауч (напаѓач од Ливерпул), Јонез Кабул (одбрамбен или деструктивец од Тотенхем), Глен Литл (десно крило од Ридинг) и позајмицата Бен Сахар (крилен напаѓач од Челзи).

А замина само Шули Мунтари (кај Мурињо, за одлична сума од 13 милиони фунти).

Мислам дека за остварување на дострелот од 5-7 место, ростерот е одличен.

Голман е Дејвид Џејмс. Не старее типот. Ужива. Може и у репрезентација ќе го вратат.

Одбраната е „црнечка“. Тука се карпи од типот на Сол Кембел, Лорен, Силвијан Дистин, Линвој Примус (Прајмус вотевр.), Кабул, Глен Џонсон, Џими Траоре и Ное Памаро. Има и белец. Хреидарсон. Вкупно: Стабилна и солидна.

Средниот ред нема баш некој креативци. Повеќето од играчите се од типот спречи-ги-нив. Фали некој побрз и попробивен централен играч. Ама и овие што ги има - вршат работа. Нико Крањчар, Ласана Диара, Папа Буба Диоп, Арнолд Муемба, Ричард Хјуз и новите Литл и Сахар. Не ќе е лошо доколку успее Хари да најде некој 20 годишен креативец и да почне да му дава минути. Тогаш ќе има солиден тим и за во Европа (УЕФА, се разбира).

Нападот е посебна приказна. Средина нема. Или ќе го биде ептен. Или ќе биде непрепознатлив. Иако на хартија има услови за добри резултати, сепак не ја примам толку со раширени раце оваа ситуација. Крауч и Дефо многу лесно може да станат страв и трепет. Дефо како да се препороди кога лани избега од Тотенхем. Даде доста голови. Истото може да се очекува и од Крауч. Кој иако имаше огромен допринос во играта на Ливерпул, секогаш Рафа имаше други планови со него. Тоа е добрата варијанта. Арно ама, ако им удри славата в глава, тогаш ќе се моткаат по теренот без веза. Џон Утака е добра резерва. Дејвит Наџент (флоп оф д јиар) не знам дали може некогаш да стане играч, а Кану е овде за искуство и тепање време како резерва при водство од 1-0. Сахар појма немам дали ќе заигра, а и незнам колку може од него да се очекува (има 19 години).

Од прилика, тоа е. Целта е 5то место. Повеќе од тоа тешко. Европа евентуално некое полуфинале - преку сила.

No comments: