Wednesday, August 6, 2008

Претенко

Следни во овие серија привјуа се Астон Вила. Ако претходно за Блекбурн пишувавме дека имаат тенка клупа, Астон Вила има целосно тенок состав. Одвај 20тина играчи. Шо да анализираш, шо да предвидуваш. Нека запнат додека има време, слободни играчи и нешто останато од нивниот ростер.

Во однос на минатата сезона се случија овие промени:
Дојдоа: Стив Сидвел (среден ред, од Челзи), Бред Фридел (голман, од Блекбурн), Брад Гузан (голман, од Чивас,САД) и договорот за заем на Куртис Дејвис беше префрлен во постојан.
Заминаа: Лук Мур (напад, во Вест Бромич), Олоф Мелберг (одбрана, Јувентус), Томас Соренсен (голман, Стоук) и Патрик Бергер (среден ред, Спарта Прага).

Управата на Астон Вила е во најмала рака чудна. Многу е скржава за нови ангажмани на играчи. Истото му го правеа и на Дејвид Олири претходно. Среќа што сега го имаат Мартин Онил, инаку нема да им се „тргаат маките“.

Голман: Бред Фридел е новото име. Го замени Томас Соренсен кој и минатата сезона не беше прв избор. Единствено, неговата возраст може да го лимитира неговиот учинок. Но покажа неколку години наназад дека е одличен голман, стабилен, влијателен и сигурен.

Одбрана: Со различни комбинаторики може да успее да се склопи некаква си одбрана. Повредата на Боума беше уште еден удар на и така плиткиот ростер. Веројатно Зет Најт и Куртис Дејвис ќе бидат изборот за стопери, а Лаурсен да игра повеќе на бековските позиции. Друг бек немаат. Единствено Крег Гарднер кој иако по вокација е среден ред, би можел да игра и како РБ. И некој си Стивен Охалоран, со 20 години и ни еден натпревар зад себе последниве 2 години. Така што инвестициите овде се повеќе од задолжителни. Потребни се минимум еден ЦД и два бека. Нема да тупам со комбинаториките што-би-било-кога-би-било.

Среден ред: Капитенот Герет Бери е со една надвор од клубот. И тоа не е кул за тимот. Но од друга страна пак дојде солидна замена во ликот на Стив Сидвел кој ќе бара рехабилитација по гранде киксот што го направи одејќи во Челзи (побогу што очекуваше, на клупа да останат Есиен, Лампард, Макелеле, Балак и сл, за тој да игра?!?). Најџел РиоКокер е задолжен за дестрктивните задачи во средината, башка и солиден е. Единствено на крилните позиции има некаква конкуренција. Ешли Јанг и Стилијан Петров би требало да се првиот избор, Агбонлахор и Мелоуни се алтернативи (добро би дошле во формација 4-5-1), плус тука е и Вејн Ратлиџ, и Мустафа Салифу.

Напад: Според тоа колку офанзивни крилни играчи има, најлогична за Мартин Онил би била 4-5-1 формацијата. Башка има и сидраши за таков напад. Тука се и Џон Керу и Марлон Хервуд. Ама финтата е што се само тие.

Ланската сезона Астон Вила ја заврши на одличното 6то место со 60 бодови. Годинава пласман во УЕФА се бори да обезбеди преку Интертото купот. Но доколку сака тимот и годинава да бележи пласман во горната половина неопходни се уште промени. Не е крај на светот ако го продадат Бери, затоа што ќе земат солидна паричка за него. Но, значајно е тие пари добро да се потрошат. Одбрамбени играчи се неопходни и тоа стабилни и стандардни играчи, не резерви. Следно е напаѓач. И тоа некој што е способен да даде 20 голови, а колку такви има на пазарот не е за спомнување. Без овие интервенции тимот ќе се замори уште пред боксинг-деј, а за долг престој во некој од куповите скоро и да не станува збор.

Позиција без промени 12-15.
Позиција со промени 9-12.

1 comment:

Anonymous said...

Џабе пишувате, Челзи ќе се шампиони.