Thursday, August 7, 2008

ЧОВЕКОТ СО ТЕФТЕРЧЕТО И НЕГОВИТЕ КРИЛА

И еве сме на слатки маки, кај едни од најголемите андерачивери во Премиер лигата, Ливерпул. За историјата, големината и реномето на овој клуб не вреди да се зборува. Кој не чул досега, не го ни интересира. Кој чул, знае. За нивниот менаџер Бенитез а.к.а. Рафа, од друга страна, има и што да се каже. Но, трпение...

Скоро 20 години овој клуб нема титула во Премиер лигата. Пред почетокот на секоја нова сезона, Лигата се спрема да им се даде. На крајот обично завршуваат задишани. Но не од бркање на титулата, туку од бегање од екипи кои упорно сакаат да ја разбијат биг4, најчесто Тотенхем и Евертон. За титулата, обично си ја сметаа за успешна сезоната ако се мањак помалку од 20 бода. Во меѓувреме, со Рафа, со навистина респектабилни резултати во Лигата на Шампионите. Но Коп бара конечно титула во Премиер лигата. Нејсе. Бараше Коп и лани. И преклани. Рафа просто не е д мен фор д џаб.

Што е различно годинава во црвената половина од Ливерпул? Ништо. Во средина на вниманието неколку трансфер приказни, некои завршени, некои сеуште не. Но далеку од тоа дека како и да завршат недовршените, нешто битно ќе се промени со овој клуб годинава, барем на почетокот од сезоната, кога Рафа сеуште е менаџер на тимот. Ес уи спик.

Позициите кои постојано се проблематични откако Рафа (во продолжение на текстот: човекот со тефтерчето) е на кормилото, продолжуваат да си бидат проблематични. Просто е неверојатно како е возможно човекот со тефтерчето упорно да изместува играчи од нивните природни позиции за да покрива проблеми, а притоа упорно да не купува играчи на кои токму тие проблематични позиции кај Ливерпул ним им се природни. И ги бива за таа работа. Оти знаат што треба да се игра таму. Ама не. Човекот си има тефтерче.

Ама ај да тргнеме со ред.

Најзвучното засилување летово дојде во името на напаѓачот Роби Кин, кој од Тотенхем си го исполни сонот да заигра за големиот Ливерпул. Сета јавност очекува тој трансфер конечно да донесе пробивност во нападот на Ливерпул, во партнерство со Торес. Но да се дадат толку пари за играч од профил што веќе се има во клубот, и плус да се очекува дека тоа драстично ќе промени нешта во бушионата способност на екипата е сепак малку наивно. Искрено се надевам дека Кин нема да заврши како мноштво ликови таму, кои принудно играат на места кои не се скроени за нив. Како Кајт, да речеме. Или уште потажно, како кутриот Бабел. Крила. Крила ти требаат, човеку. Запиши си во тефтерчето.

Во контекст на претходно кажаното, Кајт и Бабел дојдоа во клубот како докажани напаѓачи од холандското првенство, од каде што во Англија дојдоа многу успешни приказни. И останаа успешни. Како напаѓачи. Останатите станаа просечни. Од овие двајца, Бабел е сеуште успешна приказна само поради тоа што сеуште е млад и брз, па може да дотрча и пробие на крилната позиција. Годинава очекувам просто да ја земе Лигата бај сторм. Ама тоа сепак нема да биде ногово место. Кајт станува се постар, побавен и понизок, чекорот му е се помал. Човекот е на добар пат скапувајќи на крилната позиција да се претвори себеси во Кјуел. Се додека Нотингем Форест не влезе назад у Премиер и им притреба класичен напаѓач. И нека си го купат.

Ама на нашиов лик со тефтерчето му требаат крила. И токму кога помислив дека конечно му дојде умот и дека има некаква вистина во оние трансфер шпекулации кои во Ливерпул носеа еминентни крилца, човекот со тефтерчето се врати кон корените. Она што го прави секој пазарен ден. Си купи копани. Деген и Досена. Сега има странични бекови за да игра со по два пара. Штета што меѓу сите нив нема и некој функционален. Затоа годинава сите погледи се свртени кон - Деген.

Она што сакам да го кажам е дека проблемот на Ливерпул со страничните позиции е голем и ќе продолжи да им пречи и годинава. Тука лежи целата квака со немоќта да се пробијат малку од малку консолидирани одбрани, а не во некаков полушпиц кој прашање е дали и колку ќе игра ако човеков наш си држи до целиот еден напаѓач во формацијата, дури и кога игра пред Коп. Од немање на соодветни крилца најчесто произлегува тапоста на нападот на Ливерпул, која во последната сезона не им дозволи да освојат повеќе бодови пред Коп, што респективли можеби ги чинеше и титула. И токму тие несоодветни странични позиции, недоволно покриени, отвораа многу простор за противнички контранапади. Па зар од Кајт и Бабел се очекува да покриваат назад? Ве молам не ме прашувајте зошто упорно не ги спомнувам Бенајун, Пенант и останатите. Не, сериозно немојте. И поради тие дупки нашиот човек со тефтерчето мораше да става двајца разбијачи среде, оставајќи му на Жерард слобода конечно да заигра на својата природна позиција. Оние што повнимателно следеа, знаат дека во тоа време Ливерпул играше непоразен. И конечно фудбал. Инаку, за волја на вистината, и Жерард одреден период играше крило. Ах, тој тефтер...

Ако Рафа навистина е сериозен со истовременото играње на Кин и Торес (притоа Кин да игра како втор напаѓач, а не како крило), тогаш некој од двајцата разбијачи ќе треба да отстапат. Напред тоа би довело до формирање на опасен напад кој би функционирал како што лани функционира Кин и Бербатов, или Виља и Торес на Европското. И комбинаторните можности на таква поставеност се големи. Рафа ќе се надева дека тоа ќе биде доволно да се префрли тежиштето на играта и да го олесни малку товарот на средината. Тоа веројатно ќе му помогне на Ливерпул да освои многу повеќе бодови против противници кои се очекува да бидат победени, посебно пред Коп. Но како ќе реши да постави игра Рафа, тоа не може да се претпостави ни во сабота во 15:55, а не денес, 10 дена пред сезона.

Како и да е, се наметнува заклучокот дека нашиот човек во своето тефтерче црта лостови и размислува како да го префрли тежиштето на играта онаму каде што и му доликува на Ливерпул да игра – во противничката половина. Секоја чест ако е тоа така, но Рафа не би бил Рафа ако не извади скриен рецепт од тефтер букот што ќе ја расипе сета играчка. Што уште еднаш, за жал, ќе го омаловажи големиот клуб. На Шпанецот му е потребна многу поголема храброст од онаа што досега ја покажа. Ливерпул едноставно е преголем клуб за човек со толку мал. Тефтер.

No comments: