Ќе се обидам набрзина да ги рангирам играчите кои за прв пат доаѓаат во Премиер лигата, со назнака дека не ги сметам играчите кои минатата сезона играа во Чемпионшип дивизијата.
Секоја година се издвојуваат по 5-6 одлични играчи, кои супер се снаоѓаат уште во првата сезона. Годинава засега има договорено над дваесетина фудбалери кои доаѓаат на печалба од другите лиги.
10. Didier Digard - Среден ред - Мидлсбро.
Се работи за млад, 22 години, играч од средниот ред. Дојде од ПСЖ, за околу 4мил. Веќе го постигна и првиот гол за својот нов тим. Настапувал за У21 репрезентацијата на Франција.
9. David Ngog - Напад - Ливерпул.
Не знам дали ќе добие доволно шанси во навалната линија на Рафа, но перспективно се работи за добар ангажман. Исто како и Digard, дојде од ПСЖ. За околу 1.5мил.
8. Jonas Gutierrez - Крило - Њукасл.
Њукасл конечно успеа да ангажира некој играч. Цело лето тие „као“ се заинтересирани за некој играч, ама тој баш потпишал за некој друг клуб. Овој екс играч на Мајорка може да биде добро засилување, доколку успее да се наметне кај Кевин Киген. Не е откриен износот на трансферот. За Мајорка во 96 натпревари постигнал 5 гола во последните 3 сезони.
7. Heurelho Gomes - Голман - Тотенхем.
Спомнавме во претходните постови за револуцијата на Хуанде Рамос во Тот(е)н(х)ем. Овој е едниствениот голман во оваа листа. Гомез беше особено значаен во ПСВ во сезоната кога несреќно изгубија во полуфиналето на ЛШ од Милан (на примени повеќе голови дома?!). Одтогаш често беше поврзуван со безброј клубови, но за трансферот од околу 8мил. ги одбра Спарси. Ги надмина проблемите со работна дозвола и веќе настапува. Да не зборуваме за евидентната разлика во квалитети помеѓу него и Робинсон.
6. Jose Bosingwa - Бек - Челзи.
Иако најавен уште во мај, овој трансфер се реализираше веднаш после ЕУРО08 за кое Жозе настапуваше за Португалија, под водство и на сегашниот клубски тренер Фелипе Сколари. Се работи за супер скап трансфер за одбрамбен играч, некаде околу 20мил. Би требало да ја пополни болната десна бековска позиција на Челзи. Ќе видиме со која формација ќе настапува Сколари, но доколку го задржи костурот започнат од Мурињо, со офанзивни бекови, би требало Босингва да се наигра оваа сезона.
5. Johan Elmander - Напад - Болтон.
Екс Брондби и Тулуз напаѓачот би требало да биде прв избор во нападот на лани грогираниот Болтон. Иако „лапнаа“ паричка за Анелка, Болтон не се којзнае колку активни на пазарот, па така Елмандер е за сега најзвучниот играч кој го добија. Со оглед на изборот кој го имаат би требало Елмандер да биде тој што ќе ги постигнува головите за Болтон годинава. Инаку за Тулуз на 62 натпревари има постигнато 22 гола.
4. Deco - Среден ред - Челзи.
8мил. вредното засилување на Челзи би требало да „има врски“ кај тренерот Сколари, со оглед на нивната „дружба“ во португалскиот состав, иако реално гледано голема е битката за место во првиот состав на Челзи. Откако остана, Лампард, одличната форма на Балак и секогаш спремниот Есиен се повеќе од сериозна конкуренција. Да не зборуваме за крилата.
Ќе биде интересно да се следи изборот на Сколари.
3. Luka Modric - Среден ред - Тотенхем.
Искрено не бев некој фан на овој играч до ова Еуро08. Се гледа дека има нешто во него, што му овозможи супер скап трансфер, 17мил. Единствен недостаток кој може да му пречи во Премиер лигата е „млитавоста“. Сепак не е лесно да ти стартуваат фаци како Есиен, Сколс, Галас и сл...
2. Јо - Напад - Манчестер Сити.
Иако во ЦСКА Москва, сепак 30 гола на 50 натпревари е бројка за почит. Трансферот, рекорден за МС, изнесува околу 18мил, а сооглед на плитката навална линија која ја имаат „граѓаните“ се очекува да биде вистинско откровение. Со оглед на тоа што е многу млад, 21, му треба многу самодоверба, а доколку располага и со извесен степен на дрскост мислам дека догодина Челзи, Манчестер и Реал ќе пројават интерес.
1. Samir Nasri - Крило - Арсенал.
Класична Арсен-Венгер-Приказна. Креативно крило, млад, плус французин. Арсенал ги изгуби Хлеб и Фламини, но во Насри скоро сум сигурен дека најде одлично решение за својата филозофија.
Friday, August 1, 2008
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment