Пред да почнеме со преглед на тимовите (кој, како, што, купил, состави, очекувања и сл.) да шрабнам 2-3 реда за последниве неколку дена.
Се случија интересни трансфери, а во најава се уште неколку. Роби Кин и Дејвид Бентли се нај звучните меѓу нив. Хуанде Рамос ја продолжува лани почнатата револуција на Вајт Харт Лејн. Троши доста. Ама и резултатите од подготовките покажуваат нагорен тренд во играта на оваа екипа. Дарен Бент е ланскиот супер скап шпиц кој дава доста голови во припремите. Иако не ми се верува, но доколку заигра добро и плус се поверојатното останување на Бербатов, тогаш ќе имаат доста солидна навална линија. Плус и Аршавин е „он-д-уеј“. Џовани, Модрич, плус голманот Гомез... И староседелците Бејл, Вудгејт, Хатон, Џенас, Ленон..
Ливерпул не успеа да го земе Герет Бери. Конечно. Не ми е јасно зошто толку запнаа по него. Требаше Бентли по со време да го збркаат. Вака ги изгубија и двајцата, а Бентли мислам дека ќе им вршеше повеќе работа. Откако Бенајун, Пенант и други такви слични утки на Рафа лани беа скоро очајни.
Луд на трансфер пазарот е и Рој Кин. Како во супермаркет. По 2-3 играчи од тим купува. Ај за него повеќе во „привјуата“.
Thursday, July 31, 2008
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment