Свен Горан Ериксон никогаш не бил ништо повеќе од обичен шминкер. Лани летна во облаци во првите 10тина кола (во кој играше со сите екипи кои се бореа за опстанок), после демолирањето од страна на Челзи означи враќање на клубот онаму каде што со Свен можеше и да стигне. Некој ќе каже и повредите си го направија своето, но сепак мене денеска ми е мило што Свен конечно е далеку од Англија во секоја смисла.
Дојде Марк Хјуз. Немам некое изразено мислење за него. Блекбурн го одржуваше во местата за УЕФА, но во таа УЕФА не можеше ништо да постигне. Мислам дека и со Сити нема да може ништо повеќе да направи, иако се надевам дека и покрај поразот синоќа дома ќе поминат барем до групите на УЕФА.
Со тимот не направи некои драстични промени во поглед на ростерот. Мало чистење на „шут“ и мало пристегнување.
Дојдоа: Џо (или Жо, од ЦСКА Москва, напаѓач) и Тал Бен Хаим (од Челзи, одбрамбен играч).
Заминаа: Самарас, Исаксон, Џовани, Сун Џихај, Диков и Мпенза. Или со други зборови никој битен.
Единствени добри работи што останаа од Г.С.Ериксон во тимот се Чорлука и Петров. Имаа одлични дебитантски сезони. Истото се очекува и оваа година од нив (иако хрватот е врзуван со трансфер во Тотенхем).
Голман би требало да биде Харт. Шмејхел нешто се буни последниве денови, но има време за него.
Одбраната, освен Чорлука ги вклучува колосите Дан и Ричардс плус новитетот Бен Хаим. И Гаридо, Онуоха и Бол како долга и добра клупа.
Средината е слаба точка. Ептен е млитава. Нема лидер. Петров е овде, Елано и младиот Џонсон. Фаци како Ирланд и Хаман ич не ми се по ќејф. Резерви се Желсон и Кастиљо. Скроз крш.
Богами и нападот не е ништо посебно, особено што во стартов на сезоната тимот се соочува со нат-авејлбл играчи. Повредени се Васел и Бенџани, а Џо е на Олимпијада. Божинов би требало да ја преброди ланската очајна сезона која буквално ја преседе со гипсот. Бјанки нит бил нит ќе биде играч во Англија, а исто и Каиседо.
Има време, а белким и Шинаватра ќе даде некоја пара, за Хјуз да инвестира нешто до 01.09. Праќа безуспешни понуди до стариот клуб, по Роке Санта Круз, ама кога него Јунајтед не го зема, Сити уште потешко. Има ваму-таму низ Франции и Холандии играчи од средина кои може да ги проба Хјуз. Инаку тешко ќе биде годинава. Конкурентите од типот на Астон Вила, Портсмут, Тотенхем значајно живнаа за Хјуз со овој состав да се надева на нешто.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment